Харадинај: Убиството на Ивановиќ е трагедија, нема етнички мотиви

Убиството на српскиот политичар Оливер Ивановиќ е трагедија, рекол косовскиот премиер Рамуш Харадинај, истакнувајќи дека состојбата на Косово е стабилна.

„Овој терористички чин нема да остави последици на преговарачкиот процес меѓу Приштина и Белград кој се води во Брисел“, навел тој.

Коментирајќи ја посетата на претседателот Александар Вучиќ, Харадинај рекол дека смета дека реториката меѓу Косово и Србија е поумерена. Истакнал дека убиството на Ивановиќ е трагедија и додал дека косовските власти се заинтересирани да го расветлат случајот и да ја откријат вистината.

„Може да постојат разни мотиви – политички и криминални, но не се етнички“, рекол Харадинај за ХРТ.


Source: Македонија