ЕРТ: Нимиц во наредните 10 дена ќе ги посети Скопје и Атина

Медијаторот Метју Нимиц најави дека во наредните десет дена ќе ги посети Скопје и Атина, објави ЕРТ.

„Размислувам да го посетам регионот во следните десет дена и ако сакаат министрите за надворешни работи на двете земји, ако се слободни, да седнат во двете земји и да направат сериозни дебати за тоа што сметаат дека е корисно, што е дискутабилно и што не е толку корисно. Тоа е она што се надевам и мислам дека е потребно време да се разгледаат сите овие идеи”, вели Нимиц.

Како што пренесува ЕРТ, дипломатот е оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци.

Прашан за коментар за негативните реакции на македонскиот преговарач, Васко Наумовски, кој рече дека предлозите се разликуваат од рамките на преговорите, Нимиц, рече дека ја слушнал изјавата и дека не сака да коментира.

„Тој е добар млад дипломат, има право да разговара со медиумите”, изјави посредникот на ОН, но додаде дека е потребно време за да се испитаат предлозите и дека не се корисни избрзани впечатоци.

Тој нагласува дека е отворен за предлози од двете страни.


Source: Македонија