Синоптичарите ја соопштија најновата прогноза – еве што се најавува со времето

Денеска во утринските часови ќе преовладува сончево и студено време, а преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој по должина на Повардарието ќе се засилува, а во западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет и со правец од североисток. Минималната температура ќе се движи од од -8 до 0, а максималната од 3 до 8 степени Целзиусови.

Во Скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер, со температура до 6 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. В четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.


Source: Македонија