„Фејсбук“ ја призна Македонија во име на Ципрас

„Заеднички изјави со македонскиот премиер Зоран Заев“, гласеше на англиски постот на официјалниот фејсбук-профил на грчкиот премиер Алексис Ципрас што се однесуваше на прес-конференцијата во Давос. Сепак, во грчката верзија премиерот ја употребил референцата БЈРМ, меѓутоа „Фејсбук“ го превел како македонски премиер.

По некое време насловот беше повлечен, но видеото продолжи да се споделува по порталите и на социјалните мрежи, па многумина помислија дека Ципрас навистина го именувал Заев како македонски премиер.

Во Давос денеска се одржа прва средба на премиерите на Македонија и Грција. По средбата, двајцата одржаа заедничка прес-конференција.


Source: Македонија