(Видео) Почна координативниот состанок на државно-политичкиот врв за спорот со името

По иницијатива на Министерството за надворешни работи, во Клубот на пратениците почна координативниот состанок на државно-политичкиот врв.

На средбата ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата за името што ја предложи медијаторот од Обединетите нации, Метју Нимиц, на 17 јануари во Њујорк.

На состанокот учествуваат претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.


Source: Македонија