(Видео) Попова: Поскапувањето на водата е удар за сиромашните

Граѓаните не смеат да плаќаат за расипништвото на СДСМ. Покачувањето на цената на водата е удар за сиромашните, обвини Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа ќе значи плаќање за 13-та сметка. СДСМ претходно лажеа дека ќе ја поевтинат за 30 проценти. Водата не смее да стане луксуз. Бараме одлуката да се повлече, рече Попова.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред два дена објасни дека сметките не се зголемуваат поради поскапувањето на водата, туку поради трошокот за третирање отпадни води, кој се додава на сметката за вода.


Source: Македонија