Наредниве два дена сончево и топло, а еве какво ќе биде времето од четврток

Утре и во среда ќе се задржи сончево време со натпросечни дневни температури.

По котлините поради појавата на температурна инверзија ќе има заматеност на атмосферата.

Во четврток облачноста ќе се зголеми, а услови за врнежи ќе има само во крајните западни подрачја.

Под влијание на влажен бран во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува засилен ветер, претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец, што до крајот на денот ќе услови заладување и спуштање на снежната граница до околу 600 м.н.в.


Source: Македонија