Уште една голема трагедија ја погоди Македонија – во страшна несреќа почина едно лице

Загина градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци кај клучката на штипското село Криви Дол.

Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова вели дека работникот бил прегазен во 11 часот и 40 минути од машина за изградба на делницата Штип – Миладиновци.

Лекар од Итна медицинска помош од Свети Николе пристигнал на местото и ја констатирал смртта на работникот.

Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и на екипа на крим-техника од полицијата по што, најави Панајотова, ќе бидат соопштени детали.

Во тек е и обдукцијата на загинатиот градежен работник.


Source: Македонија