(Видео) МВР најави голема акција – ќе фрчат казни, внимавајте најмногу на ова

Министерството за внатрешни работи во наредниот период ќе спроведува мерки и активности за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

– Следејќи ја состојбата на сообраќајот во целата држава, констатирана е недисциплина, односно не почитување на правилата. Поради тоа МВР подготви мерки и активности кои ќе бидат спроведени во наредниот период. Во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани сообраќајните прекршоци кои што се причина за сообраќајни несреќни со тешки последици, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Тој додаде дека во урбаните средини ќе биде засилени присуството на сообраќајната полиција со цел овозможување на проточноста на сообраќајот, односно ќе бидат санкционирани и отстранти сите непрописно паркирани возила.

– Апелирам до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не за да го избегнат плаќањето на казните, туку за да ја зголемиме безбедноста на патиштата, изјави Ангеловски.


Source: Македонија