Во Босна ќе се влегува и со лична карта

На денешната седница, Владата го разгледа и прифати Извештајот за завршени преговори за усогласување на текстот на Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји.
По усогласувањето на спогодбата и по ратфикацијата во собранијата, граѓаните, граѓаните од двете земји во Македонија и во Босна и Херцеговина ќе можат да патуваат со лични карти.


Source: Македонија