Пукање во Чаир – Има ранет

Триесет и петгодишен маж е повреден при пукање во Чаир. Инцидентот според полицијата се случил денеска околу 15.15 часот.

Со огнено оружjе бил повреден 35-годишниот Т. А., кој веднаш е пренесен во болница.

Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на улицата „Благоја Паровиќ“ во близина на берберницата „Прешево“.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полициски службеници се на местото на настанот, каде што се пронајдени четири чаури.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.


Source: Македонија