Украден „голф“ од пред црква во Автокоманда

Во текот на вчерашниот ден околу 16 часот и 50 минути Д.М.(57) во полицијата во Гази Баба пријавил дека во периодот од 07.45 до 15.15 часот му бил украден автомобилот марка „голф“ од страна на непознат сторител.

Според неговиот исказ возилото било паркирано на улица „Архимедова“, поточно во во близина на црквата Свети Архангел Михаил. Кражбата сторителот ја извршил на тој начин што влегол во помошната просторија од црквата и од јакната на Д.М. која била таму закачена одзел мобилен телефон, клучеви од возилото и без да биде забелажан од никого заминал од местото на настанот.

Од полицијата информираат дека работат на целосно расчистување на случајот.


Source: Македонија