Синоптичарите излегоа со прогноза: Следува пресврт со времето

Денеска наутро на северозападот утринските температури ќе се негативни, а преку денот ќе преовладува променливо облачно и претежно суво време со услови за слаб дожд на југоисток на земјата.

Кон југоисток ќе има и зголемена облачност.

Во среда од предпладне и од запад ќе започнат врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои попладне и вечерта ќе се преместат кон исток.

На високите планини овие врнежи ќе се од снег.

Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен вдолж Повардарието.

Нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува за време на викендот.


Source: Македонија