(Видео) Заложничка драма вечерва ја тресе Македонија: Работниците ја затвориле директорката во фабриката

Директорката на „Веибо груп“заедно со менаџментот во кој има и турски државјани вечерва ја посетила фабриката. Но, откако влегле во фабриката која не работи од први месецов, дворот на објектот бил опколен од група на работници кои веќе неколку часа не им дозволуваат да излезат од „Веибо“, пренесува порталот Антропол.

Повикана била и полиција, но, драмата се уште трае. На терен ситуацијата ја смирувал и градоначалникот на Крива Паланка.


Source: Македонија