Синоптичарите излегоа со најново метео предупредување: Подгответе се за невреме проследено со дожд и грмежи, но и снег

Денеска преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните делови каде ќе наврнат од 10 до 15 л/м2.

Во југозападните делови можна е појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и снег, како и заладување се очекуваат за време на викендот.


Source: Македонија