Вечерва страшна сообраќајка со повредени го потресе Скопје – ова се првичните детали

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вечерва околу 18 часот на улица Словенечка во скопската населба Бутел.

Во несреќата учестувале две возила, со скопски и со косовски таблички. Повредените се пренесени во Ургентниот центар.

Увидот на полицијата е во тек. Според првичните информации, на самото место интервенирала и Противпожарната бригада со 5 пожарникари.


Source: Македонија