Кривичен преплавен со барања на затвореници за амнестија

Основниот суд Скопје 1 од Скопје до денеска примил над 2.500 барања за амнестија од осудени лица. „Две третини од барањата се решени“, информираше на брифинг со новинарите претседателот на судот, Иван Џолев. Ова, како што додаде тој не е вкупна бројка на осудени лица, туку бројка на барања, појаснувајќи дека од еден осуденик може да бидат поднесени и повеќе барања, како и дека барањата опфаќаат не само целосна, туку и делумна амнестија.

„Направивме увид во над 10 илјади предмети, сите рокови се испочитувани, а стигнуваат и нови барања“, додаде Џолев. Првите решенија од судот биле издадени во саботата, на 2 февруари.

В. М.(Makfax)


Source: Македонија