Влада: Јавноста е целосно информирана за преговарачкиот процес

Јавноста е целосно информирана, решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес, велат од Владата по прозивката од грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, македонската влада конечно јавно да соопшти која ќе биде придавката на името и тоа да го објасни пред своите граѓани.

– На билатералната средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Економскиот форум во Давос, за прв пат после две децении се откочија процесите кои водат кон достоинствено решение на отворените прашања на Република Грција и Република Македонија како две соседни европски земји. За демонстрираната добра волја од двете страни јавноста беше целосно информирана. Изнаоѓањето взаемно прифатливо решение е можно и за таа цел во тек е преговарачки процес. Потребна е добра волја и компромис од двете страни да се дојде до решение кое ќе ги почитува достоинството и идентитет на граѓаните на двете држави. За секој следен значителен исчекор во текот на преговорите јавноста ќе биде повторно целосно информирана, велат од Владата.


Source: Македонија