Снег вечерва во Македонија – еве каде вее во моментов

Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 19:50 часот, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во северните, западните, југозападните и јужните делови од државата.

Во североисточните и источните делови коловозите се местимично влажни.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Во Маврово врнежите се од дожд и снег.

Според најновото метео предупредување на УХМР, утре во утринските часови се уште ќе има локален слаб дожд, на планините слаб снег. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето.

Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот.

Пообилни врнежи ќе има во сабота.


Source: Македонија