Надоаѓа циклон – снег ќе ја прекрие Македонија

Денес ќе има преодно стабилизирање на времето со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег.

Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота.

Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30л/м2.

На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.


Source: Македонија