(Видео) Анкета: Не сме за промена на името, но немаме сили да го задржиме

Ниту една географска одредница не е прифатлива за повеќето од граѓаните што ги анкетира екипата на „Макфакс“. Некои од нив, сепак, се согласуваат дека треба да биде избрано решение, но кое нема да допира во идентитетот и јазикот, а како најприфатливо некои од граѓаните го оценуваат Република Македонија Скопје.

– Република Македонија Скопје, најмалку губиме со тоа – вели еден граѓанин.

– Ниту една, јас сум Македонка и ќе останам!, вели граѓанка.

– Не гледам смисла, сигурно ќе биде некое решение донесено на сила, но сето тоа е силување на логиката, за жал, изгледа немаме сили, ниту политички ниту државни, да се избориме за уставното име – вели друг граѓанин. (Makfax)


Source: Македонија