Груевски со неочекуван потег – еве што порача во судница

Судот го повлече задолжението СЈО да им ги достави цедеата со бомбите и смс пораките.

Груевски му се развика на судијата: „Секој ден сме на рочишта. Не е фер судењето. Кога да ги слушаме бомбите? Не сме ние виновни што нема слободна судница“ му рече Груевски на судијата Ставрев.

„А за Заев може да се одлага судењето…“ му рече Груевски на судијата.

„Секој ден сме на судење..“ се пожали Груевски.

Миле Јанакиески истакна дека во случајот Траекторија има 300 бомби за слушање.

„Сакам да ни дадете објаснување зошто го задолживте судот да ги достави бомбите па го повлековте задолжението“ рече Груевски.

Судијата му рече дека во бомбите може има приватни разговори кои може да протечат во јавноста.

(Makfax)


Source: Македонија