Синоптичарите излегоа со прогноза – еве какво време ја очекува Македонија

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

На планините и на некои повисоки места најавени се врнежи од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови од земјава.

Во вторник и среда вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.