Утре драматична промена на времето

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поинтензивни процеси се очекуваат во раните утрински часови во западните, а околу пладне во источните делови од земјава, каде за кратко време можно е да наврнат над 15 л/м2 дожд.

Попладне облачноста ќе се намали.

Посвежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни ќе има и во текот на наредната работна седмица, освен во вторник кога ќе биде претежно суво.

На планините ќе врне снег.

Во четврток се очекува и значително заладување, па врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег.