Страшна сообраќајка со загинат, пронајден мртов маж во стан, грабежи, неколку тешки несреќи – полициски билтен за 17 март 2018

На 16.03.2018 година во 23,55 часот во Полициската станица Ново Село, било пријавено дека истиот ден во с.Мокрино М.Б.(62) од истото село работејќи во нива со тракторот се превртел и од здобиените повреди починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи-Струмица.

На 16.03.2018 годинa во 02,10 часот на булеварот “Трета Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “Форд Фокус“ со скопски регистерски таблици управувано од С.С.(42) од Скопје и мотoцикл “Малагути“ со скопски регистерски таблици управувано од О.М.(38) од Скопје. По незгодата со возило на Итна медицинска помош О.М. бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје, и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 16.03.2018 година во 21,00 часот на улицата „Петре Георгиев“ патничко моторно возило „Рено Канго“ со скопски регистерски таблици управувано од О.Р.(31) од Скопје удрило во велосипед управуван од 11- годишно дете од Скопје. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, но поради сериозноста на повредите било препратено во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 17.03.2018 година во периодот од 06,30 до 08,30 часот од страна на полициски службеници со судска наредба бил извршен претрес во Тетово на улицата “Браќа Миладинови“ во домот на А.Р.(61) од Тетово. При претресот биле пронајдени околу 200 грама марихуана. А.Р. бил приведен во Полициската станица во Тетово за понатамошна постапка и целосно расчистување на случајот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.С.(40) од охридското село Долно Средорече. На 03-ти овој месец, врз основа на писмена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот и помошни простории кај пријавениот. Притоа, полициските инспектори пронајдоа и одзедоа една воздушна пушка непозната марка како и 21 куршум различен калибар. Предметите се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против З.А.(16) од с. Озормиште-тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба “, против 14 годишен малолетник од село Радиовце поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, против Б.Б. (18) од село Копанце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против А.А. (30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. Во периодот од 04.12.2017 до 21.01.2018 година, прво, второ и третопријавениот извршиле две тешки кражби во црквата “Свети Атанасија” во село Радиовце, тешка кражба во црквата “Свети Никола” во село Копанце, тешка кражба во куќа во село Радиовце и кражба во плевна во село Радиовце. Тие со употреба на сила влегувале во објектите и одземале парични срества, разновидни алати и велосипеди, со што се стекнале со противправна имотна корист од 21.500 денари. Четвртопријавениот, украдените предмети ги прикривал и ги продавал на други лица.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против двајца државјани на Р.Албанија – М.Р. (23) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје“ и против Ќ.Д.(22) поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 12.03.2018 година околу 15.30 часот во близина на стадионот во село Врапчиште полициски службеници извршиле преглед кај првопријавениот и пронашле два куршуми од пиштолска муниција со различен калибар. Од преземени мерки било утврдено дека на 11.03.2018 година во Кичево пријавените при вршење на тешка кражба ги пронашле и одзеле двата куршума од пиштолска муниција, кои првопријавениот ги задржал за себе.

На 16.03.2018 година во СВР Скопје е пријавено дека во 19,35 часот во Скопје, на игралиштето на место викано “Јурија“, имало нарушен јавен ред и мир со тепачка од страна на М.Ш.(21) од Гостивар, Ф.Н.(20) од Гостивар од една и С.А.(23) и И.К.(49) од Скопје од друга страна. Во текот на нарушувањето оштетено било и едно патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистерски таблици. При интервенирањето на полициски службеници Ф.Н. замавнал со нож и истиот го фрлил кон еден од полициските службеници, но полицискиот службеник успеал да се оттргне. При приведувањето на лицата бил повреден полициски службеник во пределот на ногата. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.

На 16.03.2018 година во 21,30 часот било пријавено дека во Скопје, на улицата „4-ти Јули“ на кружниот тек поради претходно недоразбирање во сообраќајот дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу Ш.С.(27) и 16- годишен малолетник, двајцата од с.Љубин-скопско од една страна и Н.Т.(35) од Скопје од друга страна. Најпрвин започнала вербална расправија по што настанала физичка пресметка. Н.Т. со возило на Итната медицинска помош бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Оштетено било и патничкото моторно возило на Ш.С. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следат соодветни поднесоци.

На 16.03.2018 година во 10,45 часот во Секторот за внатрешни работи-Скопје, И.П.Н. пријавил дека околу 10,30 часот на улицата „Пушкинова“ во стан го пронашол безживотното тело на В.Т.(31) од с.Пакошево-скопско кој претходниот ден (15.03.) бил пријавен за исчезнат. Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт. На местото на настанот излегле полициски служеници, Јавен обвинител и судски обдуцент и бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

На 17.03.2018 година во 01,55 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Максут Садик“ било опожарено товарно моторно возило „Цитроен Џампер“ со скопски регистерски таблици, сопственост на Г.С.(40) од Скопје, а паркирано од страна на Х.Р. од Скопје. Од огнот било зафатено и патничкото моторно возило „Опел Зафира“ со скопски регистерски таблици, сопственост на А.Р. од Скопје, паркирано до “цитроенот“. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

На 16.03.2018 година во 10,00 часот Полициската станица Центар М.С.(59) пријавил дека истиот ден околу 07,15 часот на улицата “Лазар Личеновски“ бил нападнат од четири кучиња-скитници и бил каснат за левата потколеница. Н1а М.С. му била укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести при комплексот клиники “Мајка Тереза“.

На 16.03.2018 година во 14.20 часот во Полициската станица Центар Ј.С.(25) пријавила дека на 15.03.2018 година околу 22,00 часот на улицата “Трифун Хаџијанев“ била нападната од неколку кучиња-скитници а едното од нив ја каснало за десната нога. Ј.С. побарала лекарска помош во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

На 17.03.2018 година било пријавено дека во Гостивар во времето од 01,20 до 01,40 часот непознат сторител со камења и парчиња од бекатон плочки скршил три изложни стакла од просторијата на седиштето на општинската организација на политичката партија СДСМ, лоцирана на улицата “Илинденска“. Од страна на увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.