Избрано раководство на општинската организација на Партијата за Движење на Турците во Ресен

Вчера во просториите на Општина Ресен се собра членството на Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП) Ресен Целта на собирот беше обнова и формирање на општинската организација на Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП).

На собирот се избра Собранието и претседателот на ТХП.

За претседател беше избран Неждет Зулал.

Инаку Партијата за Движење на Турците во Македонија е политички субјект која води принципиелни политики со активно делување околу 20 години на политичката сцена во Република Македонија.

Претставникот од ТХП во Собранието на Република Македонија е Претседателот на партијата Енес Ибрахим, партијата исто така има свој претставник и во Владата на Република Македонија со Министер задолжен за странски инвестиции.