Невреме во Македонија

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Утре сеуште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни, а во вторник и в среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.