„Потреби и можности за развој на туризмот во Преспа“

На ден 30 мај 2018 (среда) во големата сала на Општина Ресен  се одржа работилница на тема:„Потреби и можности за развој на туризмот во Преспа“.

Свое предавање од областа на туризмот имаше  познатата професорка од Факултетот за туризам и угостителство „Св Климент Охридски Охрид “проф. д-р Ангела Василевска .Кратки презентации за туризмот во Преспа имаше Координаторката на проект „Туристички саем во Преспа “ Г-а Весна Миркова  ,модератор на работилницата беше Васко Васиќ.

На оваа работилница учествуваа  24 учесници од Општина Ресен (службеници и советници), невладини организации, туристички водичи, хотелски и угостителски работници од Ресен и Преспа.

Овој настан го реализира Здружението против дискриминација ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен, како главен апликант на проектот „ТУРИСТИЧКИ САЕМ ВО ПРЕСПА 2018“ заедно со ко-партнери во овој проект  Здружението на овоштари Благој А. Котларовски  и општина Ресен.Овој проект е суб-грантиран од проектот„Здружени сили за заеднички интереси“имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп И ЖГИ  Антико од Скопје. Проектот е финансиран од Европска  Унија во рамки на ИПА програма за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2014. Повеќе информации за проектот има на неговата Facebook страна:

https://www.facebook.com/Туристички-саем-во-Преспа-2018-935195276654975/