ФОТО: Отешево подготвено за историскиот настан

Некогаш една од најатрактивните и најпопуларни туристички дестинации во поранешна Југославија, а денес прекрасно место каде што убавините на природата потсеќаат на некогашните убави времиња во Отешево, но даваат надеж дека се може да тргне на подобро.  

Туристичката населба Отешево, лоцирана на 16 километри од Ресен, на самиот брег на Преспанското езеро од западна страна денеска се подготвуваше за утрешниот историски ден, кога премиерите на Грција и Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев веднаш по потпишувањето на договорот за решавање на тридецеискиот спор за името ќе пристигнат на средба и ручек во хотелот Лејк вју (Lake View), инаку познат по серијата “Преспав”. ( инсерти од убавините на местото се главни делови од еден од најпопуларни сериски филмови во минативе години.)

Таму беше забележително дека нешто се подготвува, имаше полициско присуство, но и присуство на многу странски и домашни новинарски екипи.

   

Државните институции го подготуваа теренот за историскиот момент кој ќе ги отвори портите на Македонија кон НАТО и ЕУ, а тоа ќе биде многу значајно и за Преспанскиот регион, кој е распослан низ три држави Македонија, Грција и Албанија.

Според агендата утре (17.06.2018) во регионот на Преспа, односно во местото Отешево ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Република Грција, Никола Димитров и Никос Коцијас по потпишувањето на конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји.

На настанот ќе присуствуваат и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Официјалната делегација на Република Македонија и Република Грција ќе пристигне во Отешево во 11:15 часот, по локално време.