Препладне сончево, попладне нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи особено во планинските региони, соопшти УХМР.

Ќе дува повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а максималната од 23 до 32 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност, со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер. Температурата од 16 до 29 степени.

Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекуваат повторно поројни врнежи, но условите за нестабилност ќе бидат помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе биде за неколку степени посвежо.