Наутро сонце, потоа драстична промена: Вонредна најава за времето

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места ќе дува засилен северен ветер, соошти Управата за ходерометеоролошки работи. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 25 до 33 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 16 до 31 степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. Во среда како и во следните два дена ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога ќе опаднат за неколку степени.