Туристички саем во Преспа

Во прекрасниот локалитет на брегот на Преспанското езеро во ресторанот КОНЕКТ  ,плажа Сливница се одржа несекојдневен настан .

 

Во организација на Здружението против дискриминација ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен како главен апликант во проектот “ТУРИСТИЧКИ САЕМ ВО ПРЕСПА “финансиран од Европската унија а во партнерство со општина Ресен и Здружението на овоштари Благој А Котларовски од Ресен за прв пат се организира ТУРИСТИЧКИ САЕМ ВО ПРЕСПА 2018. Со свои штандови се претставија туристички агенции, угостители од Ресен и Преспа, хотелиери , приватни сместувачи и издавачи на соби ,туристички водичи , како и повеќе невладини организации од Ресен и Битола . Иако времето не беше сојузник на овој настан сепак истиот остави свој белег со самата организација.Како главна атракција за овој настан беа дуото Петар Ангелевски исполнител на гајда и Виктор Јованоски исполнител на тапан од Демир Хисар, облечени во народни носии како знак на започнување на традиција.Како друг симбол на тардиција на овој настан кој исто така беше спечифичен е тоа што со народни носии од приватниот музеј од Подмочани на господинот Јоне Ефтимовски беа облечени хостеси а гостите беа послужени со традиционална храна која специјално за овој настан ја изготвиле жените на Здружението против дискриминација ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ ОД Ресен и Здружението на овоштари Благој А Котларовски. На менито се најдоа прекрасните преспански и македонски специјалитети како што е преубавото ѓомлезе, питулици,преспански крап, специфичните и несекојдневни циронки,и разни други специјалитети наследени од нашите претци.

Како што спомена координаторката на овој проект Г-ѓа Весна Миркова нејзина желба е овој саем да стане традиција во Преспа затоа што само со еден ваков настан неможе да се развива туризмот.Огромна штета е да не се искористат убавините на Преспа, колку и да се опишуват неможе да се долови вистинската слика за неа се додека не се посети осознае , доживее.Но и покрај својата убавина Преспа останала, недоволно развиена, запоставена, заборавена на маргините на општетсвото со тешкото бреме на историјата и транзицијата .

Главната цел на овој настан според Миркова е да се направи вмрежување и да се поттикне соработка со локалните туристички работници со потенцијалните туристи, туроперторите, медиумите и сите засегнати страни во туризмот.
На саемот беа доделени и награди за надобри фотографии од Преспа,од конкурсот кој беше објавен на 25 април. . Со награди уметнички слики се здобија следните аматери фотографи.

Прва награда од фб страна Александра Нечовска со фотографија “Корпа со јаболка„
Прва награда од стручното жири Иванчо Марически со фотографија “Укотвена чунка„
Втора награда од фб страна Игор Трајчевски со фотографија “Црква св петар и Павле Подмочани“
Втора награда од стручно жири Милчо Ѓоргиевски со фотографија “Портокалово сонце„
Трета награда од од фб страна Илија Трајчевски со фотографија “Бистро езеро со чадор„
Трета награда од стручно жири ја доби Васил Стерјовски со фотографија“ Пеликан„
На првонаградените автори од откупените фотографии беа изработени честитки кои исто така ќе бидат како алатка за промоција на туризмот.

Како што спомена координаторката Весна Миркова следуваат уште активности од овој проект а тоа е изработка на флаер на кој ќе има контакти од лица кои издаваат соби затоа што сместувачките капацитети се многу слаби а со флаерот кој се планира да се остави на сите видни места во голема мера ќе се олесни линкот помеѓу приватните сместувачи и идните туристи кои ќе ја посетат Преспа.

Се надеваме дека овој саем ќе допринесе кон севкупните напори овие вредности да ги косумираат многу поголем број на посетители а туризам нема да има само два месеци туку во текот на целата година, затоа што Преспа го заслужува тоа истакна Миркова.