Боинг 737 два часа не може да слета на скопскиот аеродром: Авионот што кружи над Скопје, се упати кон Приштина

Во Приштина безбедно ќе слета авионот што веќе неколку часа кружи над Скопје поради силниот ветер.

Авионот доаѓа од Истанбул и поради силниот ветер не е препорачливо да слета на скопскиот аеродром, а како што претходно објавија повеќе медиуми неколку часа боингот кружел над скопскиот регион и имал неколку безуспешни обиди за слетување.

Авионот во секој момент треба да слета во Приштина.

Не е прв пат на скопскиот аеродром поради временските услови да бидат пренесочувани одредени летови со цел поголема безбедност при слетувањето, а поради временски неприлики.

Најнови вести од Centar.mk