Запленети 23 килограми марихуана на патот Стење-Царев Двор

Полицијата на патот Стење-Царев Двор запленила околу 23 килограми марихуана. Како што информира МВР, на 19 мај околу 22.00 часот на патот Стење-Царев Двор, во близина на селото Козјак, Ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г(46) и В.А(56), двајцата од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, со товарно возило „мерцедес вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило „мерцедес“.

Лицето со патничкото возило побегнало од местото, при што во близина на селото Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана. Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Товарното возило „мерцедес вито“, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило и за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од Centar.mk