Соопштение на проектниот тим на „ Туристички саем во Преспа 2019 “

Во изминатава недела Здружението против дискриминација ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен имаше низа на активности во рамки на проектот: “ТУРИСТИЧКИ САЕМ ВО ПРЕСПА 2019„Во средата на 15 мај,во малата сала на собранието на општина Ресен се одржа работилница за одредување на цените на туристичката понуда од Преспа. Работилницата беше наменета за целна група туристички работници од речиси сите сегменти на туризмот угостители , туристички водичи хотелиери и приватни сместувачи, превозници и други од регионот на Преспа и Пелагонија.На работилницата имаше претставник и од Локалната самоуправа поточно од одделението за економски развој ЛЕР г- дин Иванчо Маричевски.

Во воведниот дел најнапред се претстави претседателката на Здружението ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Г- ѓа Весна Миркова која накратко го претстави преоктот „Туристички саем во Преспа 2019“ и активностите кои следат од овој проект.Фацилитатор на работилницата беше Тодор Ивановски дипломиран менаџер по туризам, кој многу успешно ја водеше целата работилница на која имаше многу плодна и корисна дискусија.Од сите изнесени дискусии се издвојуваат две две групи на проблеми при градење на оддржлива туристичка понуда.

Првата група на проблеми е субјективна и зависи лично од нивната инертност односно немотивираност за напредок, од непочитување на стандардите , од немање на капацитет односно непостои правен субјект кој ќе ги застапува нивните заеднички интереси, односно здружување во правен ентитет кој ќе ги застапува нивните права и барања.

Втората група на проблеми кои се издвојуваат се проблеми кои дирекно не зависат од нив а сепак имат големо влијание во нивното работење немање на постојана комуникација и активна грижа помеѓу креаторите на туристичката понуда и институциите на системот, еснавски здруженија и асоцијации како на локално така и на национално ниво.Голем дел од проблемите се од инфраструктурна природа како недостаток на вода, осветлување , фекални води, патокази хигиена и сл.Со ваквите и слични активности кои имаат за цел промовирање и развој на туризмот во Преспа како главна стопанска дејност се надеваме дека во голема мера ќе влијае за подигање на свеста како кај самите туристички работници така и кај самите граѓани на Преспа и локалната власт.

Со самиот факт дека општина Ресен го поддржа овој проект и има изработено стратегија за развој на туризмот во Преспа (2019-2024) и активно учествуваше во работилницата со својот петставник од ЛЕР, покажа дека има интерес да соработува и активно да помогне во решавање на проблемите и креирање на услови за богата туристичка понуда која на регионот н Преспа ќе и донесе економски просперитет и поголем препознатливост.
Крајниот заклучок е дека ваквите работилници се неопходни , но истите мора да испорачаат крајни заклучоци и иницијативи за подобрување на условите за развој на туризмот во Преспа.Воедно сите учесници на работилницата искажаа желба за понатамошна комуникација и соработка , што му дава оддржливост и оправданост на ваквите преоктни активности.

Една од забележителните активности на Здружението ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ која се спроведе неделава се и средбата на избраните туристички водичи (ученици на обука), со едукаторот Катерина Василевска, која се оддржа на 13 мај во просториите на Здружението, како и првата обука за туристички водичи која се оддржа на 18 мај. Обуката за туристички водичи ќе се спроведува во Ресен и Преспа во текот на наредните два месеци.Проектниот тим заедно со едукаторот одлучи наместо првично предвидените 6 туристички водичи во обуката да се вклучат и одбиените млади лица кои се пријавија за оваа обука а истите ќе се стекнат со практично искуство за водење на туристички тури низ Ресен и Преспа.

Проектот е дел од програмата за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD),финансиран од Европската Унија(ЕУ) а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации( УНДП) .

Со почит
Проектен тим
„ Туристички саем во Преспа 2019 “

Најнови вести од Centar.mk