PrespaSky.Com со нов редизајниран концепт

PrespaSky.com денеска го промовираше новиот редизајниран концепт.

Новинската агенција PrespaSky.com која е дел од Skypress групацијата на медиуми во која фунционираат 4  македонски и српски интернет медиуми, од денеска добива освежен дизајн и концепт.

Новиот освен концепт покрај тоа што вклучува комплетен редизајн, предвидува голем број на вести за Преспанскиот регион кои ќе бидат достапни за сите граѓани на Македонија, со што нашата агенција ќе ја врати Преспа на информативната мапа во земјава во следниот период.

Во редакцијата на PrespaSky.com работат врвни новинари кои се докажале во својата работа, а застанале на бедемот на вистината и во најтешкиот период за Преспа.

Во следниот период ќе бидат ре-обновени и сите сервиси и рубрики кои беа згаснати во изминатиот период.

PrespaSky.com е првиот регионален портал во Македонија, кога во ниту еден град немаше интернет гласило. Основан на 7-ми јули во 2005-тата година.

Во своето постоење се соочи со голем број на предизвици, но остана силен и моќен информатор на жителите на Преспа, без кои и не ќе можеше да постои.