УХМР предупредува: Невреме од големи размери му се заканува на Штип

Нестабилна воздушна маса со големи размери ( должина 39 км, ширина 24 км и со врв 7,7 км) се приближува кон Штип, каде се очекува пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во другите подрачја е облачно со локални врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, особено во источните делови. Ќе дува и засилен северен ветер, на места и над 70 километри на час.

 

Source: Македонија