(ВИДЕО) Анкета: ВМРО-ДПМНЕ загуби зашто примаше сдсмовци

„Таков лидер како Груевски со години да бараме нема да најдеме“, „ВМРО-ДПМНЕ примаше сдсмовци и затоа ги загуби изборите“, „Груевски е најдобриот лидер што може да постои“ – ова се дел од впечатоците на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои присуствуваа на денешната свечена академија во Штип, по повод 124 години од ВМРО и 27 години ВМРО-ДПМНЕ, на која говореше лидерот на партијата, Никола Груевски. Никој од анектираните не одговори конкретно на прашањето дали Груевски како лидер и Извршниот комитет треба да понесат одговорност за изборните резултати од првиот круг.

Во 30 минутниот говор Груевски беше прекинуван со аплаузи и овации од присутните. Тој рече дека нема да дозволат со прислушување да им го скршат `рбетот. „Власта се срами од денот на ВМРО. Ја прекинуваат традицијата за доделување на државната награда 23 октомври“ порача Груевски од говорницата. Меѓу присутните ги немаше Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков и Зоран Ставрески.

В. М.

(Макфакс)

Source: Македонија