Локални избори на Косово

На Косово денеска се одржуваат локални избори на кои право на глас имаат 1.890.952 гласачи.

Се гласа на 2.505 избрачки места, кои ќе бидат отворени во седум, а затворени во 19 часот.

Во трката за 38 градоначалнички места се 204 кандидати.

Во обезбедувањето на изборниот процес ангажирана е косовската полиција. Само во северниот дел на Косово ќе бидат ангажирани повеќе од 400 прпадници на полицијата.

 

Source: Свет