Протекоа снимки од таен трезор во планина (ВИДЕО)

Во една од планините во Швајцарија се наоѓа бункер, претворен во трезор, во кој компанијата Xapo ги чува биткоините на своите купувачи.

Тоа всушност не е обичен трезор, тој се наоѓа во швајцарски воен бункер кој е сместен во планина. Прецизната локација е тајна, а пристапот е ограничен со безбедносни мерки.

Колкава е вредноста на биткоините кои таму се чуваат исто така е тајна, а водичот кој ги превезува купувачите вели дека луѓето доаѓаат по криптовалути кои вредат „милиони“.

Можеби е чудно, но и на криптовалутите им е потребно некој вид материјално складирање и чување.

Технички, она што се чува се личните криптографски клучеви, кои овозможуваат пристап до парите кои се чуваат на биткоин мрежата. Стекнување на неовластен пристап до нечиј приватни клучеви е слично како неовластен пристап до злани полуги.

Меѓутоа, постојат хакерски приказни за оние кои пронаоѓаат свој пат дури и низ најдобро заштитените компјутери, а иронија е што методите, кои се користат за заштита на криптовалутите, ги користат и банките. Ако некој добие приватен клуч, нема начин парите да се вратат или рефундираат. Затоа фирмите кои чуваат биткоини, како што е Xapo, се сочни мети за хакерите, па токму поради тоа бараат параноично ниво на безбедност.

Source: Економија