Се верува дека оваа билка привлекува пари и добра енергија – набавете ја веднаш

Оваа билка во азиските земји се држи во канцеларии и куќи – според фенг шуи филозофијата таа привлекува пари и благосостојба.

Фенг шуи експертите објаснуваат дека речиси секоја убава, зелена билка може да биде билка на парите бидејќи суштината е во добрата енергија која таа ја произведува. Меѓутоа, една од најпознатите билки кои според верувањата носат пари е Crassula.

Според некои верувања, посотјат билки кои носат повеќе пари, поточно, привлекуваат енергија на богатство и благосостојба.

Се верува дека присуството на билката на парите во просторијата позитивно влијае на работата. Затоа е одличен избор за во канцеларии, а во некои азиски земји дури и се пренесува од колено на колено.

Crassula е билка на која и годи светло место, ако нема доволно светлина листовите ќе избледат. Но не дозволувајте да ја пржи сонцето преку стакло. Додека расте умерено залевајте ја, а на зима многу малку, на секои десет дена. Пресадувајте ја на секои две години.

Ако билката од пролет до доцна есен е надвор, сонцето нема да и штети. На есен кога започнуваат студените ноќи под 10 степени потребно е билката да ја внесете во куќата, но не и годи презимување во многу загреан простор.

Source: Економија