ПРЕДМАЛКУ СООПШТЕНА ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатата македонска примабелирина и кореографка Јагода Сланева

Првенката на балетот на МОБ, Јагода Сланева почина денеска, на 68-годишна возраст. Сланева работеше во балетот на МОБ од далечната 1968 година, се до нејзиното пензионирање во 1993 година.

За неа, како вљубеник во балетската уметност, не постоеа мали и големи улоги. Долг е списокот на рољи кои Сланева со голема љубов и ентузијазам ги одигра на сцената на Македонската опера и балет. Ширин во „Легенда за љубовта“; Суламка во „Песна над песните“; Дојрана во „Лабин и Дојрана“; Марија во „Бахчисарајска фонтана“; Китри во „Дон Кихот“; Снежана во „Снежана и седумте џуџиња“; Џулиета во „Ромео и Џулиета“; Звончица во „Петар Пан“; Кармен во „Кармен суита“ и многу други.

Како кореограф ги постави „Мансарда“; „Простување со Тања“; „Ричард III“; „Сказна за сказните“ и др. На оперската сцена настапуваше во : „Орфеј и Евридика“; и „Продадена невеста“, а како репетитор во „Распучин“; „Дон Кихот“; „Кармина Бурана“ (каде беше и асистент кореограф); „Пинк Флојд Revisited“ и други.

Комеморација по повод смртта на Јагода Сланева, ќе се одржи в четврток, 19 Октомври, во Македонската опера и балет, со почеток во 11 часот.

 

Source: Showbiz