Со автоматски пушки упаднале во казино во Скопје – она што се случило ќе ве шокира

Од полицијата велат дека утрово во 4.26 часот било пријавено дека во казино на ул. „Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје две непознати лица извршиле разбојништво над вработените.

Како што се вели во полициското соопштение, сторителите со закана со автоматска пушка одзеле пари од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

Source: Македонија