Ја запроси девојката во овоштарник, а таа го шокираше со она што го направи

Овој пар дефинитивно ќе има што да им раскажува на своите внуци. Снимката од реакцијата на оваа девојка на запросување е толку смешна што ја погледнале милиони гледачи.

По реакцијата на оваа девојка може да се заклучи дека воопшто не помислувала дека дечкото би можел да ја запроси.

Запросувањето се случило на плантажа за јаболка. Таа мирно грицкала јаболко, кога тој нагло клекнал пред неа, и покажал прстен и ја прашал „Ќе се омажиш ли за мене?“.

Девојката прво го погодила со јаболко, па рекла „Лажеш“. Потоа од среќа скокнала врз него и го соборила на земја.

На крај рекла „да“…

Source: Мозаик