Тргнал на свадба, завршил во затвор поради ОВА

Тоа било огромно изненадување за жителите на мирниот германски град Бон. Во центарот на градот одекнало пукање, а се почувствувал и чад и мирис на изгорени автомобилски гуми.

Жителите од своите прозори забележале колона возила предводена од син автомобил. Од колата излегол маж и пукал во воздух.

Не, тоа не била пресметка на криминални групи туку обичај вкоренет во некои други краишта – пукање на свадба.

Граѓаните веднаш повикале полиција која брзо ја запрела турската свадбена поворка на безнзинска пумпа.

За жал, човекот со пиштолот веќе си заминал. Полицијата претресила 15 автомобили и не нашла никакво оружје.

Сепак, полициската акција не била целосно безуспешна. Еден од гостите, фино облечен 23-годишник, завршил во затвор бидејќи против него постоела пријава поради нарушување на јавниот ред.

Source: Мозаик