ШТО Е СЛЕДНО? Русите тренираат фоки да држат оружје, да пукаат, да подигнуваат знаме… (ВИДЕО)

Дека животните можат да бидат исклучително интелигентни докажуваат и овие две фоки, Лило и Тито, кои Русите ги истренирале да прават неверојатни работи.

Фоката Тито, која има 16 години, го добила името по првиот турист во вселената Денис Тито, а Лило е стара девет години.

Тренирани се во аквариумот Бајкал чиј директор Евгениј Баранов се надева дека фоките ќе предизвикаат патриотска посветеност и подготвеност за одбрана на татковината.

Русите на фоките им ставиле и прикладни воени беретки на главите.

Фоките ќе настапат во рамки на одбележувањето на Денот на победата 9 мај.

Source: Мозаик