Колумна на Боби Толевски: Како да го разбудиме претприемачот во Преспа?

Тука сум повторно. Ова е мојата омилена тема. Претприемништво. А особено кога ќе ги додадам и младите. Како да го разбудиме претприемништвото во градов? Особено кај младите? Ќе почнам од најосновното.

Дали училиштата ги подготвуваат децата за вистинскиот живот? “Учи вредно, имај одлични оценки и ќе најдеш уба платена работа” – велеа моите а и вашите стари. Луѓе, ова вака не поминви повеќе. Тоa го знаеме сите, не е ново. Но, што ние превземаме за да ги насочиме идните генерации па и ние, помладите да речам? Статус кво и ништо.
Луѓе, треба да ги усогласиме чекорите со времево во кое живееме. Треба да ги (се) насочиме младите на претприемништво, на креативно размислување, на тоа самите да си ја бркаме работата. Има многу, дури и премногу невработеност и интересен дел ми е уште што чекаме старите да не “вадат од калта”. Не знаеме да земиме товар на наш грб, да се трудиме, да размислуваме поинаку, да измислиме и креираме нови производи, услуги, работни места, па и повеќе финансиски средства. Многу од младиве, кои ги надминуваат и границите на млади, чекаат цело време нешто. Чекаат да бидат вработени од родителите, пријателите, партиите, владиците. . .

Сами кога ќе превземиме нешто? – Ауууу, немојтеее, ризично е многу! ! !

Искрено за мене е ризично ова што седиме пасивни како млад народ и чекаме се некој нешто да заврши место за нас. Кога самите “ќе ги зауздиме коњите”, дури тогаш можеме да очекуваме тро поарен живот. Дајте мотивирајте ги младите. Нека се отпочнат некои обуки финансирани од Општината. Реални обуки со резултати што ќе вродат со плод, не само колку да се “лапнат” парина, како вообичаено. Нека им се стави на знаење колку е битно претприемништвото, колку може да донесе пред се економска промена, па потоа и секаква друга корист.

Кога пишував за туризмот, напоредно размислував и за претприемништвото. Но несакав да ги мешам двете работи. Затоа претприемништвото ќе го рангирам како втора работа која може надлежните во Општинава да му дадат приоритет за во најблиска иднина да осетиме подобрувања и повиока стапна на пораст на економијата во Општинава. Како можеме? Можеме ако само се насочиме на претприемништвото од секој можен поглед, преку обуки на младите, анализирање на можностите, анализирање кој вистински може да биде претприемач, кој вистински го љубат претприемништвото. Да се слушнат нивните идеи, да им се помогне да ги направат во добри бизни планови па потоа и во реални бизниси. Да им се помогне да најдат финансии преку програми, инвеститори, партнерство со фирми, институции, инкубатори, бизнис ангели и сл. Исрцпете ги младите со нивните идеи и да им се помогне да ги пласираат производите, пред се во државата, но и да се бара пласман надвор од истата, со сите можни сили, преку лобирање на фирмите од Општинава кои имаат соработки надвор од државата, исто така и преку Општината со нејзини промоции од секој можен аспект.

Идеите на претприемачите какви да бидат? Секако не производство на јабоУка. Туку нешто уникатно и иновативно. Идеи има многу. Можности исто така. Квалитетни млади има. Знаете што нема? Нема желба, мотивација, поттикнување, поддршка. . .

Повторно ќе напоменам до Општинските власти, знаеме дека како Општина имаме премногу проблеми, но дајте малце обрнете внимание на клучни работи со кои можеме да одиме напред. Исто како предлозите за во туризмот, направете и овде тим за развој на претприемништвото. Еве еден пример: Зошто чипс од јаболка се произведува во Скопје, и тоа со преспански јаболка? Ние тргнуваме од фактот, „Кој ќе купи бе чипс од јаболка, шо се глупирате“? Но, тој освен во државава многу повеќе е актуелен во соседниве држави. Пак ќе речам: Идеи многу, пласман премногу. За секој производ има пазар и пласман, но само ако се најде. А за да се најде треба да се бара. Сам нема никој да не бара за да направиме нешто ново. Само со здружена работа можеме многу. Намалуваме ЕГО, алчност и сме многу повеќе продуктивни, среќни и успешни. На тој начин ќе поттикнеме „љубомора“ за успех, такмичење, кој поубави и поиновативни идеи ќе смисли, ќе пласира и ќе освои пазари. Бизнис идеа од претприемништвото не е отварање бутик, сендвичара, такси, кафетерија и слично. Тоа е превидено во градов. Иновативност најмногу ни фали, мотив и поттик за бидеме барем едно мало ниво повисоко на скалилото од подобра Општина.

Некогаш се прашувам дали гледаме дека светот се променил околу нас? Знам дека гледаме. Но светот се променил, а советите и ние НЕ. Никако да се промениме. Останавме исти. Сакам да дадам до знаење дека доброто образование (кое и така го немаме) и добрите оценки веќе не се гаранција за успех, но тоа како никој да не го гледаме. На генерациите кои доаѓаат не смееме да им повторуваме, барем по мене “Одете на училиште, добивајте добри оценки и потоа барајте постојана работа”. Ова е намерно туркање во подлабока провалија.

Ајде се ова, накратко вака:
Доколку го погледнеме животот на просечна образована личност, која многу работи, ќе го видиме следново. Детето се раѓа и тргнува на училиште. Гордите родители се возбудени затоа што тоа се истакнува, добива одлични оценки и потоа, е примено на факултет. Детето дипломира, можеби ќе подготви и постдипломски, а потоа напредува точно според зацртаната програма: бара сигурна и стабилна работа или кариера. Детето ја наоѓа таа работа, можда како лекар, адвокат, работи државна администрација и . . . И толку . . . Потоа следуваат ограничувањата, “тргање” надолу од околината, која е безперспективна, “тргање” надолу од „аманте бе, шо ќе преме ново, нема да успееме“ и сл.
Денес луѓе на младиве им се потребни пософистицирано образование, а постојаниов систем не го испорачува тоа. Баш ми е гајле колку компјутери биле сместени во училиштата, колку пари трошеле училиштата и за што. Се е тоа непродуктивно. Дајте им насока на младите. Покажете им го претприемништвото. Видете кој од младите има капацитети за претприемништво, работете на нив, вложете труд, верувајте ќе се исплати. Како за нив, ќе се исплати и за нас сите, за општината, за државата.
За крај. Потребни ни се нови идеи и поинакво образование. Кој знае што ни носи иднината? Но, што и да се случи, имаме два основни извора: да играме на сигурно (како до сега) или да играме паметно така што ќе се подготвиме, ќе се образоваме и ќе го разбудиме својот и детскиот гениј.

Автор: Толевски Боби