Нова година – нови ние, нова Преспа

Промена, промена, промена . . . Колку и да несакам да пишувам, морам. Колку и да не сакам да се променам, морам. Колку и да несакам промена, морам да ја засакам. А морате и Вие. Мораме и ние, односно сите заеднички. Само за да се подобриме, само за да направиме подобра иднина, за нас, за нив. За децата! За иднината!

Многу пати се прашувам: Како да се сменам? Како да се смениме сите? Како до промени? Едноставно е многу, само да сакаме треба. Едноставно е, само треба да почнеме од почеток. Да го оставиме ЕГОТО. Бидејќи ова е нашето време. Сега постоиме, сега да се промениме, да му го олесниме патот на идните генерации. На децата, на внуците, на правнуците. Зошто да му оставаме толкава тежина, мм? Товарот се зголемува, наместо ние да го намалиме. Само до кога, си велам?

Смачено ми е да гледам како го правиме секогаш она што го правиме. Истото, истото, истото. На колку сменати политики, личности, директори и шефови. Секогаш се е исто. Додека не почниме да правиме нешто поразлично, нема да се смениме. Ако го правиме истото што го правиме како и досега, ќе сме таму каде што сме и сега, дури и полошо. Затоа да ги оставиме работите каде што се, зад нас и да направиме промена. Да почниме од самите нас.

Ни треба борба, и тоа жестока. Каде? Вистинската борба е во нас, во нашиот ум (ако го имаме).

Можда некој ќе си помислите дека сум досаден, дека само „бучам“ и бла бла . . . Сакам да ви кажам, дека желбата да се промениме, желбата да ја видам Преспа подобро место за живеење, желбата луѓево да се сплотени, искрени ја носам секој момент во мене. Ја мислам дење и ноќе. Многу пати се одрекнувам од своето сопствено време и времето кое треба да му го посветам на мојата фамилија, се одрекнувам од сопствениот мир, често и од сопствениот сон со една цел, да направам напори, да мислам планови како да се промениме, а ќар личен немам, но ќе имам. Чекајте, чекајте. Не мислам на материјални добра дека ќе имам ќар. Мислам на подобри односи како личности и граѓани во едно мало општество. Мислам на посреќни луѓе, полни со желба за живот. Мислам на среќни деца, како на филмовите, бидејќи од дамна немам видено таква слика на среќни деца во нашава Општина. Oва болит најмногу од се. Децата. Родители, не седете со скрстени раце! Не ги оставајте децата во безизлезна ситуација. Засукајте ги ракавите! Да ги засукаме сите, ќе е уште подобро.

Мислите дека не е возможно? Знам, дека така мислите, и јас мислев. Но ете, се обидувам, се обидувам да се променам, не е тешко, дури и поубаво ми е. Само едно нешто сменав. Не можам во можам и морам. Вервејте не е тешко, ич не е. Дури и вирално ќе стани, кога ќе почнеме повеќе граѓани да го применуваме. Да го исфрлиме материјалното за кратко, политика исто така, чинојте и функциите, па ќе видите колку сме посреќни, повесели и послободни.

Нова Година се наближува. Нова 2018. А ние? Ние живееме во 19.. година. Дали сме нормални, се прашувам се почесто? Дали сме нормални? Не искина ЕГОТО, ЧАЛАМОТ, ПРОСТОТИЛОКОТ, НЕЕДУЦИРАНОСТА, НЕЧОВЕЧНОСТА . . . До кога само, до кога?

Ви ја честитам Новата Година. Иако е нова а ние влегвиме со стар ум, исто ни е. Подобро да си остани 2017, или да броиме наназад.

Ви посакувам, искрено од срце, на сите граѓани на нашата Преспа:
Нова Година – Нов ум – Нови мисли – Нови видици – Нови погледи кон подобар живот.

Верувајте, дека неможам да седам мирен и со скрстени раце и во новава година уште повеќе да гледам како пропадвиме. Неможам да се помирам со помислата дека децава ќе ги оставиме да тонат. Не можам ни да верувам, ни да се помирам. Ниту некогаш ќе престанам.

Ете Ви ветувам, ама не политичко ветување, туку човечко, искрено од срце, од внатрешноста на човечното во нас. Бидете настрана од ЕГОТО, од простотилокот, од чаламот и да се едуцираме за промени. Само тој е патот за подобра Општина и Преспа.

Ако ја сакаме Преспа во срцето и со срцето. Епа ајде, вистински да си ја сакаме, не само на збор.

Нова Година – Нови ние.

Пишува: Толевски Боби