До среда стабилно и суво, а еве какво ќе биде времето потоа

До среда ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност.

Ќе дува најчесто слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините.

По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска преку денот.

Од среда попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи и северен ветер се очекува од петок преку денот.

Source: Македонија