Полициска акција во Тетово – приведени повеќемина

Во периодот од 23.50 часот на 07.01.2018 до 01.25 часот на 08.01.2018 година полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на улица ,,Коле Неделкоски“ во Тетово, сопственост на Б.М. (36) од Тетово.

За време на контролата во објектот биле затекнати четири странски државјанки и една државјанка на Република Македонија како ги забавуваат гостите.

Сите лица биле приведени во полициска станица, а М.Д. (27), Л.А. (30), Ф.Т. (24) и С.Н. (30), сите од Република Албанија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, биле задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Source: Македонија